ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА ДРЖАВНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО ЗА 2020 ГОДИНА И АКЦИСКИ ПЛАН СО ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ

  ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА  ДРЖАВНИОТ СОВЕТ  ЗА  ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО  ПРЕСТАПНИШТВО  ЗА  2020 ГОДИНА

ВОВЕД

Со донесување на Законот за правда за децата, Република Северна Македонија направи голем исчекор во делот на заштитата на правата и интересите на децата. Со новиот концепт на Законот се постигна  усогласување со меѓународните стандарди  за правда за децата и се создаде еден сеопфатен концепт насочен во полза на децата кои дошле во контакт со правниот систем, а во нивен најдобар интерес.  

Овој Закон ги уредува постапките со деца во ризик, деца жртви и сведоци на кривични дела и деца сторители на кривични и прекршочни дела. Воедно законот определува услови за примена на мерки на помош и заштита, воспитни, алтернативни мерки и казни, но и положбата, улогата и надлежностите на органите кои учествуваат.  

Државниот совет за превенција на детско  престапништво е самостојно и независно тело кое е задолжено за следење на практичната имплементација на Законот, превенирање и следење на состојбите со детското престапништво во Република Северна Македонија. Надлежностите на  Државниот совет  се наведени во чл. 156 од Законот за правда за децата.

Државниот совет и во 2020 година ќе продолжи со реализација на активности кои ќе бидат насочени кон финализирање на веќе започнатите активности од 2019 година, како и планирање и организирање на нови активности кои произлегуваат и од Националната стратегија  за  превенција на детско престапништво 2010-2020 година, како и активности согласно состојбата со детското престапништво во Република Северна Македонија.

Во  текот на спроведувањето на Програмата, доколку според проценката на членовите на Државниот совет се јави потреба од нејзино дополнување или унапредување, таа може да биде ревидирана.

 

  1. Изработување на Годишен извештај на Државниот совет за превенција на  детско  престапништво  за  2019  година

1.1.Собирање на податоци согласно индикаторите за следење на примената на Законот за правда за децата и изготвување на Годишен извештај за 2019 година и согласно новите насоки добиени од Собранието на РМ;
1.2.Доставување табели за  обезбедување  податоци  согласно утврдените индикатори до: 8-те Сектори  за внатрешни работи, 30 - Центри за  социјална работа,  јавни обвинителства и судови во Република Северна Македонија;

1.3.Собирање на обезбедените податоци, проверка на истите и нивна обработка;

1.4.Ангажирање на стручно лице за квантитативна обработка на податоците;

1.5.Доставување барања за извештаи со реализирани  активности од областа на превенција на детско престапништво до Општинските совети за превенција на детско претспништво, Министерство за образование и наука Министерство за труд и социјална политика, Министерство за внатрешни работи и Народен правобранител;

1.6.Изготвување предлог текст на Годишниот извештај на ДС од страна на работната група и негово доставување до сите членови на ДС;

1.7.Разгледување на Предлог текстот на Годишниот извештај;

1.8. Усвојување на Годишниот извештај за 2019 година на седница на Државен совет и негово печатење;

1.9. Печатење на примероци од Извештајот на македонски јазик, албански и англиски јазик;

1.10 Доставување на Годишниот извештај за 2019 година до Собрание на Република Северна Македонија, Влада на Република Северна Македонија, Судскиот совет и Врховниот суд на Република Северна Македонија со цел негово разгледување.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финасиска поддршка на Министерството за правда.

Време на реализација:  Прва половина на 2020 година.

 

2.Формирање на општински совети за превенција на детско  престапништво  и поддршка на веќе формираните совети:

 2.1.Воспоставување соработка со претсдателите на Општинските плански региони со цел формирање на општински совети за превенција на детско престапништво и продлабочување на воспоставената соработката со веќе формираните совети;

2.2.Воспоставување поддршка и градење соработка со градоначалниците на Општинските планските региони со цел формирање на општинските совети, презентирање на улогата и надлежностите на ДС пред членовите на советите и следење на актуелните состојби  со детското престапништво;

2.3.Организирање работилница за градоначалниците и административните работници со цел презентирање на позитивните практики од веќе формираните, како и заради формирање совети во општинските плански региони во кои истите не се формирани или не се функционални;

2.4.Разгледување на извештаите од реализираните средби со градоначалниците на Општинските плански региони;

2.5.Разгледување на годишните извештаи за работата на општинските совети за превенција на детско престапништво и анализа на спроведените  програми.

 Индикатори за успешност: Ново формирани општински совети, остварени средби со градоначалниците на Планските региони, реализирани работилници, изготвени и разгледани извештаи.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на  детско престапништво со поддршка на Министерство за правда и соработка со СОЗР и ЗЕЛС.

Време на реализација: Континуирано во текот на 2020 година.

 

3.Спроведување на Националната стратегија за превенција на детско престапништво  2010– 2020 преку Оперативниот план 2018-2020

3.1.Изготвување на Извештај за спроведување на активностите од Оперативниот план за 2018-2020 година;

3.2. Изготвување на предлог – текст на нов Оперативен план за 2020 година;

3.3. Презентирање на предлог – текстот пред ДС, негово финализирање и донесување Одлука за  усвојување;

3.4.Следење на спроведувањето на Националната стратегија за превенција на детско престапништво преку Оперативниот план  2018-2020 и давање поддршка на релевантните институции, министерства и НВО;

3.5. Изготвување на извештај за реализирани активности согласно Оперативниот план на крај на 2020.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво и надворешни соработници.

Време на реализација:  Континуирано во текот на  2020 година.

 

  1. Изработка на нова Стратегија за превенција на детско престапништво за периодот 2021-2025 и Акционен план за нејзино спроведување

4.1. Утврдување методологија за изработка на Стратегијата

4.2. Обезбедување техничка и експертска помош и поддршка од страна канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје

4.3. Организирање тематски расправи/фокус групи во однос на одделни области во новата Стратегија

4.4. Утврдување на преклопувачки аспекти (cross-cutting issues) со веќе донесени стратешки документи

4.5. Драфтирање на Стратегијата

4.6. Презентирање на Стратегијата на работна средба со релевантни државни органи, установи и организации

4.7. Усвојување на новата Стратегија

Индикатори за успешност: Донесена Стратегија за превенција на детско престапништво за периодот 2021-2025 и Акционен план за нејзино спроведување

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво и надворешни соработници

Време на реализација:  Континуирано во текот на 2020 година.

 

5.Тематски   расправи

5.1. Разгледување на извештаи и информации од министерствата и институциите

5.2. Разгледување извештаи и документи донесени од страна на меѓународни тела, органи и организации поврзано со превенција на детското престапништво

5.3. Разгледување на други извештаи и анализи на актуелни превентивни  теми, а согласно Законот за правда за децата, доставени од институциите и  граѓански организации

5.4. Разгледување на состојбата со ВПД

5.5. Разгледување на предлози за законски измени и унапредување на регулативата

5.6. Разгледување на активности поврзани со спречување насилство, користење алкохол, дроги и други психотропни супстаниции

Индикатори за успешност: Одржани тематски расправа, усвоени заклучоци и нивна дисеминација до релевантните тела и органи.

Носители на активноста: Министерство за правда, Министерство за образование и наука, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Народен правобранител, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за локална самоуправа, ЈУ – Завод за социјални дејности, Врховен суд на РМ, Адвокатска комора, ГО и други.

Време на реализација:  Континуирано во текот на 2020 година.

 

6.Воспоставување и ширење на меѓународна соработка и зајакнување на капацитетите на членовите на  ДС

6.1.Воспоставување на меѓународна соработка со тела/организации кои се слични на Државниот совет по своите надлежности во другите земји, а со цел размена на информации и позитивни искуства во делот на спроведување на заштита на правата на децата и превенција на детското престапништво; 

6.2.Изготвување предлози, барања и дописи за воспоставување на соработка со тела и организации кои работат на  полето на заштита на правата и интересите на децата и  превенција на детско престапништво;

6.3.Организирање средби со Амбасади/претставници на амбасади во РСМ  и други меѓународни  тела и организации;

6.4.Учество на обуки, работилници, семинари, конференции, дебати, тркалезни  маси од страна на членовите на Државниот совет во и надвор од земјава.

Индикатори за успешност: Реализирана соработка на меѓународно ниво преку соработка со тела/организации од други земји кои се грижат за заштита на правата и интересите на децата и за превенција на детско престапништво, учество на меѓународни конференции  на членови на ДС или со пишани трудови.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни  соработници,  донатори и поддржувачи.

Време на реализација:  Континуирано во текот на 2020 година.

 

  1. Поддршка на превентивно – едукативни проекти од областа на превенција на детско престапништво

7.1.Поддршка на проекти во делот на заштита на правата и интересите на децата и превенција на детско престапништво по проценка на  Државниот совет.

Индикатори за успешност: Практична реализација на проекти со превентивен карактер, спроведена евалуација на проектот и поднесен извештај.  

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни  соработници.

Време на реализација: Континуирано во текот на  2020 година.

 

  1. Следење на меѓународни документи од областа на превенција на детското престапништво  и зајакнување на капацитетите на Државниот совет

8.1.Разгледување, споредување и анализа на документи од Советот на Европа, ЕУ, Комитетот за правата на детето, ООН и други организации кои се однесуваат на правата на детето и превенција на  детско престапништво.

Индикатори за успешност: Стекнати нови знаења (искуства) од областа на меѓународното право за состојбите и проблемот со детското престапништво и презентирање на стекнатите знаења и размена на искуства пред членовите на седниците на  ДС преку  усно или писмено излагање.

Носители на активноста:Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни соработници.

Време на реализација: Континуирано во текот на 2018 година.

 

9.Покренување  иницијативи

9.1.Покренување иницијативи за соработка со институции, предлози за дополнувања или  измени во постоечката законска регулатива со цел усогласување,  предлози за подобрување на услови и третман на децата во ризик,  деца жртви и деца во судир со законот  и други видови на злоупотреба и занемарување, реакции по однос на констатирани  кршења на правата на децата: 

9.2.Покренување  иницијативи  од страна на Државниот совет  за  воспоставување  соработка  со институции и тела кои работат со деца, училишта, посета на  институциите во  кои се сместени  деца, констатирање на кршење на правата на децата и  реакции  во врска со констатираните прекршувања ;

9.3.Давање  предлози и иницијативи до релевантните органи -тела во РСМ за подобрување и надминување на констстираните состојби при посетите на институциите од страна на членови на Државниот совет.

Индикатори за успешност: Поднесени и прифатени иницијативи и постигнати промени, посетени  институции.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни соработници.

Време на реализација: Континуирано во  текот на  2020 година.

 

  1. Обезбедување просторни услови за работа на Државниот совет и ажурирање и функционирање на web страната на ДС  

10.1 Обезбедување соодветна просторија за работа на ДС

10.2 Редовно одржување на web страната со нови содржини и активности кои ги реализира Државниот совет.

10.3. Изработка на електронска „Мапа на детско престапништво во РСМ“

Индикатори за успешност: Одржување седници  во нова  просторија и Функционирање на web страна на ДС и функционирање на електронска „Мапа на детско престапништво воРМ“

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни соработници.

Време на реализација: Континуирано во  текот на  2020 година.

 

  1. Публикација на материјли

11.1.Публикување на материјали изготвени од страна на  Државниот совет ;

11.2.Печатење на Годишниот извештај на ДС на македонски, албански и   англиски јазик;

11.3.Печатење на резултати и заклучоци од реализирани истражувања и анализи во форма на флаери, брошури, визит карти, прирачници и сл.

Индикатори за успешност: Изготвени и публикувани материјали на Државниот совет.

Носители на активноста: Државен совет за превенција на детско престапништво со финансиска поддршка на Министерство за правда и надворешни соработници.

Време на реализација: Континуирано во текот на 2020 година.

 

Top