Учество на Стручна расправа на тема „Маргинализацијата и девијантноста на младите во судир со законот во воспитно – поправните домови„

 На 18 Декември 2019 година, беше одржана Стручна  расправа и промоција на научно – истражувачки извештај за „Маргинализација и девијантност на младите во воспитно – поправните домови“ на која присуствуваа членовите на ДСПДП Цена Чаловска и Ваљдета Вукељ. Наведената расправа и промоција беа во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, Факултет за безбедност – Скопје, а учесници беа еминентни претставници од институциите вклучени во системот за правда за децата и граѓански организации.

Стручната расправа и промоција ја отвори и со истата модерираше  проф. д-р. Весна Стефановска која е дел од истаржувачкиот тим, по што следуваше воведно обраќања од страна на деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р. Никола Дујовски и промоција на извештајот од рецензентите – проф.д-р Марија Ралева и проф. д-р Саше Герасимовски. Истите истакнаа дека ова е едно од ретките истражувања преку кои се истражуваат органите и институциите и дека истото се потпира на искажувањата на самите штитеници  сместени во установите.

За целта на истражувањето, методите, положбата на младите во воспитно -поправните и казнено поправните домови, согледувањата, резултатите добиени од самото истражување, препораките, говореа проф. д-р Весна Стојановска, проф. д-р Драгана Батиќ, проф. д-р.Оловер Бачановиќ  и доц. д-р Наташа Пеовска.

Промоцијата на истражувањето и презентацијата на резултатите , беше доволен поттик за присутните да се вклучат во стручната расправа и отворено да разговараат за состојбата на децата во РС Македионија, за односот на институциите и државата кон нив, за потребите и проблемите со кои се соочуваат и многу други прашања кои сеуште остануваат отворени и за кои треба да се бараат решенија со цел нивно надминување.

Во дискусијата се вклучија и присутните членовите на ДСПДП кои зборуваа за  улогата, надлежностите и активностите кои ги презема советот во однос на наведената целна група, вклучувајќи ја и д-р. Невена Петровска, долгогодишен член на советот.

Top