Билатерална работилница на случаи и мерки/услуги за млади во конфликт со законот

На 17 и 18 Октомври 2019 година, членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво беа дел од обуката организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика и Австриската амбасата во нашата држава на тема „Билатерална работилница на случаи и мерки/услуги за млади во конфликт со законот“. Обуката се одржа во Клуб на пратеници, а учество земаа преставници од повеќе институции и граѓански организации кои работат со деца во конфликт со законот.

Обуката ја отвори аташето од Сојузното Министерство за труд, социјала,здравство и заштита на потрошувачите во Австрија г-дин Harald Fugger, а фацилитатори беа г-дин Georg Dimitz поранешен социјален работник во општински оддел за млади и семејство на градот Виена и г-ѓа Olga Zechner поранешен социјален работник во општински оддел за млади и семејство на градот Виена.

Обучувачите кои имаа големо практично искуство во работа со оваа категорија на деца, дадоа примери на добра практика од Австрија за мерките, сервисите и услугите кои ги развиваат за децата во конфликт со законот. Воедно на обуката се отворија теми за социјалните ризици на семејствата како една од прицините за појава на детско престапништво, видовите насилстава и начини како да им се помогне на децата. Се разменија искуства и од нашата пракса, промените и реформите кои се преземаат за подобрување на законската регулатива но и услугите кои се развиваат за помош и поддршка на децата.

Top