Членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца

Советот е составен од 15 члена кои ги избира Собранието на Република Северна Македонија со мандат од пет години, со право на повторен избор од кои:
– осум члена на Државниот совет ги предлага министерот за правда и се претставници
од Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика,
Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи,
Министерството за здравство, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија,
Врховниот суд на Република Северна Македонија и од Адвокатската комора на Република
Северна Македонија и
– седум члена на Државниот совет се избираат по пат на јавен оглас, од редот на
истакнати научни и стручни работници кои имаат искуство во областа на заштитата на
правата и интересите на децата, од кои еден претставник е од редот на граѓанските
организации за заштита на децата.

Во работата на Државниот совет учествува претставник од Народниот
правобранител, претставник од Канцеларијата на УНИЦЕФ и претставник од Заедницата
на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).

Милка Масникоса, МОН, Претседател
Taња Кикерекова, надворешен член, Потпретседател

Членови на Државниот совет се:
Ваљдета Вукељ, МТСП
Жаклина Просароска, МВР
Јулијана Лефковска, МП
Љуљзим Хамиди, надворешен член
Гордана Лажетиќ, надворешен член
Љупка Угриновска, надворешен член
Милчо Вељаноски, Врховен суд на РСМ
Елена Ивановска, ЈОРСМ
Снежана Пајовиќ Мишевска, надворешен член
Елизабета Талеска, надворешен член
Томислав Цветковски, надворешен член

Секретар:
Цветанка Ацева, МП

Top