Зајакнување на казнено – поправниот систем

Информација  од присуство на промотивен настан „Зајакнување на казнено – поправниот систем и пробациската служба“ – Твининг проект  при Управата за извршување на санкциите – Министерството за правда

Преставници на Државниот совет за превенција од детско престапништво на 21.11.2018 год. Учествуваа на  настан во х.Александар Палас, на кој се промовираше твининг проектот „Зајакнување на казнено – поправниот систем и пробациската служба“. Настанот беше медиумски покриен со присуство и обраќање на министерката Рената Дескоска. На настанот присуствуваа судии, јавни обвинители, универзитетски професори, здрженија, директори и вработени од казнено –поправните установи, вработени од Управта за извршување на санкции и Министертво за правда. Проектот започнал да се реализира на 31.08.2018 година а ќе заврши во мај 2020 година. Проектот се имплементира во соработка со Фондацијата за меѓународна правна соработка од Германија и Центарот за меѓународна правна соработка од Холандија, а во кој главен корисник е Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда. Твининг е инструмент насочен кон јакнење на административните капацитети на идните земји – членки на Европската унија.

Главната цел на овој проект е да ја унапреди ефективноста и ефикасноста на пенитенцијарниот систем и развој на ефективна и одржлива служба за пробација, почитувајќи ги човековите права и достоинството на лицата на кои се извршуваат пробациски мерки  со цел нивна успешна ресоцијализација во заедницата.

 Со помош на овој проект, ќе се зајакне системот на пробација преку подобрување на менаџментот и мониторингот над пробациската служба и на казнено-поправните и на воспитно-поправните установи, а ќе се развие и институционалната и организациската струкутра на пробациската служба.

 Од овој проект се очекува да ја зајакнувa работата на пробациската служба и да поттикне изрекување на алтернативни мерки и санкции спрема сторителите на кривични дела. Сите институции и тела на системот за правда, како и општеството и јавната администрација ќе бидат сензибилизирани за алтернативни мерки за избегнување на затворската казна преку изрекување на алтернативна санкција.

 Професионално и ефикасно организирана и управувана пробациска служба која ќе работи заедно со останатите структури  на кривично-правниот систем и други релевантни институции и организации во делот на менаџирање на сторителите  на кривични дела во заедницата за извршување на изречената санкција, а со цел опсервација, рехабилитација и реинтеграција на сторителите на кривични дела во заедницата, ќе доведе до зајакнување на јавната безбедност и безбедноста во рамките на заедницата.

Очекуваните резултати од проектот се во насока на имплементација на Националната стратегија за развој на казнено-поправниот систем и стратегијата за развој на пробациската служба:

  • Зајакнети капацитети на казнено-поправниот систем;
  • Нови страндардни оперативни постапки;
  • Подобрено управување со објектите;
  • Развиени програми за ресоцијализација;
  • Развиени програми за третман на малолетни сторители на кривични дела;
  • Развиена структура на пробациската служба;
  • Придобики на општо-корисна работа во заедницата;
  • Електронски мониторинг во функција и сл.

Директорот на Управта за извршување на санкции во својот говор даде осврт на оложбата на децата во воспитно – поравните домови и информира дека новиот објект на ВПДом – Тетово е во зарршна фаза и дека пречка за негово ставање во функција е проблеми со водоснабдувањето и прочистителна станица.

 

                                                                                           

 

 

Top