- седум члена на Државниот совет ги предлага министерот за правда и се претставници од Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Врховниот суд на Република Северна Македонија и Адвокатската комора на Република Северна Македонија
- осум члена на Државниот совет се избираат по пат на јавен оглас, од редот на истакнати научни и стручни работници кои работат на заштитата на интересите на децата од кои еден претставник е од редот на невладините организации за заштита на децата.